За време на ОВИЕ ДЕНОВИ, жените имаат најголема желба за секс: Постои ОДЛИЧНА ПРИЧИНА за тоа!

2 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-01 223013

Еве уште една причина зошто секоја жена треба повнимателно да го следи менструалниот циклус. Менструалниот циклус на жената автоматски влијае на нејзините оргазми. Имено, оргазмите се поинтензивни во средината на циклусот кога се јавува овулација.

Студија спроведена на Универзитетот во Вирџинија проучувала интерес за секс помеѓу 115 жени на возраст од 23 до 45 години. Резултатите покажале една интересна работа – повеќето жени пријавиле подобри и поинтензивни оргазми во средината на менструалниот циклус.

Слични резултати добиле холандски научници откако откриле дека протокот на крв во пределот на гениталиите е најголем за време на овулацијата, што доведува до појаки оргазми.

– За време на овулацијата, матката ја менува својата позиција. Би можеле да кажеме дека таа станува поудобна со цел сексуалниот однос да биде што е можно подобар – изјави д-р Џејми Нопман.

Понатаму, основачите на апликацијата за следење на менструалниот циклус „Глоу“ откриле дека потенцијалот за оргазам е поврзан со времето пред менструацијата, што значи околу една недела пред крварењето.

– Како што паѓа нивото на тестостерон кај жените, нивното либидо се зголемува, бидејќи ѕидовите на матката се задебелуваат – објаснија тие.

Секако, интензитетот на оргазмите и самата желба за секс варираат од жена до жена, па не мора да значи дека секоја жена ќе биде најнапалена во овој период од менструалниот циклус.