МАЛИ ТАЈНИ НА ЕРОТСКАТА МАСАЖА Излудете го вашиот партнер, нема да ви го заборави тоа

22 април, 2021
glavnar-192912587_1000x0

За масажа на интимните области, подобро е да користите специјализирани масла што може да се нанесат на кожата, без страв од предизвикување алергии.

Што е подобро од една масажа? Две масажи? Не – само еротската масажа е подобра од една масажа! Се релаксирате, притисокот излегува од вратот, па се крева товарот од грбот, а потоа изненадување – гордоста ви се крева со нежни, лизгави допири на подмачкани раце! Со неколку совети, веќе вечерва можете да му овозможите незаборавно искуство на вашиот партнер.

Собата направете ја храм на сексот

Napravite od sobe hram seksa

За целосно уживање атмосферата е клучна. Кој би можел да се препушти на еротска масажа со звуците од телевизорот на која се емитува собраниски пренос во живо? Претворањето на спалната соба во амбиент за уживање е многу лесно. Пригушете ги светлата, запалете свеќи и пуштете малку амбиентална, релаксирачка музика. Бавниот џез, блузот, соул ќе ви помогнат да заборавите на секојдневниот живот и да се прилагодите на уживањето. А потоа маслото во раце, а рацете врз вашиот партнер!

Ако не е масно, не е ни сласно

Dok nije masno, nije ni slasno

За да ви биде полесно, а и попријатно нему/неа, набавете некое добро масло или лубрикант. Не мора да биде ништо скапо, но треба да биде мирисливо. Пробајте масло од лаванда, еукалиптус, ванила …

Нежно, најнежно

Не мора да бидете професионален масер за да ја совладате еротската масажа. Пред да го притиснете телото со дланките, нежно галете го вашиот партнер за да го активирате секој нерв и да го натерате да трепери и да посака повеќе. Започнете полека додека лежи на стомак, и тоа од рацете. Многу често ги занемаруваме дланките, но тие се клучни за релаксирање. Масирајте ги со палците со лесни кружни движења, а потоа искачете се кон рамената и фокусирајте се на мускулите. Поминувајте со рацете преку целиот грб неколку пати со лесен притисок. Кога мускулите се веќе загреани, можете да го зголемите притисокот.

Истражете ги скриените зони

Одредени делови од телото се многу чувствителни, а повеќето ги занемаруваат. Скриените ерогени зони имаат неописливо многу возбудлив ефект. Меѓу најчувствителните зони се ушите. Масирајте ги со мали кружни движења, стискајте ги со палецот и показалецот, и поминете со јазикот низ надворешниот дел на увото. Стомакот или папокот, исто така, предизвикуваат голема возбуда. Кружете со прстите околу папокот, а потоа продолжете со истото во поголеми кругови. И зад коленото има многу нерви кои се исклучително чувствителни на допир. Нежно штипкајте ја кожата, а потоа галете ја со лесни движења или со врвот на јазикот. Тука се и стапалата, се разбира. Одложувајте го моментот кога ќе ги ставите рацете на гениталиите, ќе си играте околу нив, ќе ја полудите другата страна пред да го достигнете крајното задоволство.

escort - Korsan taksi