Mашки тајни: Кога машкиот орган е НАЈГОЛЕМ, колку пати на ден е НОРМАЛНО и што најмногу влијае на големината

2 април, 2021
muskarac-devojka-seks-2-2048x1365

Дали мажите со причина се опседнати со големината на пенисот со причина?

Секогаш кога станува збор за секс, најчесто најпрво се споменува пенисот, односно неговата големина.

Не е новост дека многу мажи се непотребно опседнати со своите гениталии, а тоа особено се однесува на должината.

Затоа е интересно да се погледне што покажуваат разни истражувања што се занимавале со сексуалните навики на посилниот секс.

Постојат три вида на ерекција: рефлексна, која се јавува како реакција на директна стимулација (допир), психосоматска, како одговор на аудиовизуелна стимулација (на пример, гледање порнографија) и ноќна, несвесна.

Или со јазикот на броевите: просечниот број на ерекции во текот на 24 часа е од 10 до 20, или уште поточно – некои студии наведуваат дека просекот е 11 дневни и 9 ноќни ерекции.

Се разбира, овој број зависи од многу фактори – од начинот на живот, стресот, до општото здравје.

А ерекцијата може да биде под влијание на многу фактори:

Мастурбација

Ако мажот редовно мастурбира, односно секој ден, логично е дека сексот ќе биде пократок поради посилна стимулација и зголемена возбуда.

Кондом

Околу 80 проценти од мажите рекле дека кондомите влијаат на нивната ерекција. Сепак, тука треба да се земат предвид неколку други фактори – воспаление на простатата, слаба циркулација, пониски нивоа на тестостерон, честа мастурбација.

Цигари

Пушењето лошо влијае на здравјето, а никотинот влијае и на ерекцијата затоа што предизвикува послаба циркулација. Со текот на времето, ова може да доведе до намалување на пенисот, бидејќи не може да се „растегне“ колку што е потребно заради ослабени крвни садови.

А што се однесува до формата – се чини дека правиот пенис не е толку чест, бидејќи околу 70 проценти од мажите имаат малку искривен генитален орган, обично на левата страна или нагоре.

И, конечно, се враќаме на познатата величина. Нормално, нема магичен начин да се зголеми должината, но…

Неколку студии покажаа дека пенисот е најдолг по орален секс, дури 0,3 сантиметри подолг отколку без овој вид стимулација.