МАСЛОТО ОД ОВА РАСТЕНИЕ Е ИДЕАЛНО ЗА НЕГА НА КОЖАТА: Длабоко хидрира, го намалува воспалението, спречува стареење и штити од УВ зрачење!

29 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-29 170608

Ова растение е, меѓу другите корисни својства, – совршен сојузник во грижата за вашата кожа.

Ако сакате да се грижите за вашата кожа на природен начин, веројатно сте забележале дека една состојка често се појавува во билните препарати.

Тоа е масло од шипка. Ова масло има магични својства кога станува збор за отстранување на акните и разните воспаленија од лицето. Денес ви откриваме сè што треба да знаете за тоа, како и зошто треба да се најде на вашиот список на производи за нега на лице и тело.

НО ПРВО – ШТО Е МАСЛОТО ОД ШИПКА?

Маслото од шипка е направено од плодовите на растението шипка, а својата репутација ја влече уште од античко време кога Египќаните, Маите и Индијците го користеле поради неговите лековити својства. Преполно е со антиоксиданти, витамини А, Ц и Е, како и фенолни соединенија и масни киселини кои помагаат во обновување и подмладување на кожата.

ПРЕДНОСТИ НА МАСЛОТО ОД ШИПКА:

Дејствува како навлажнувачко средство  

Одржувањето на кожата хидрирана, но не и мрсна, може да биде доста тешко. Маслото од шипка прави многу добра работа во овој поглед. Содржи изобилство на минерали и есенцијални масни киселини како што се линолна и линоленска кои ја заклучуваат водата во клетките, така што вашата кожа останува хидрирана подолго време.

Го изедначува тенот

Ако имате проблеми со хиперпигментација, лузни од акни и флеки од било кој вид на лицето, совршен додаток на ритуалот за нега на кожата на лицето е маслото од шипка. Богат со витамин Ц, моќен антиоксиданс, многу ефикасно го изедначува тонот на вашата кожа.

Ја штити кожата од УВ зраци

Иако нема ништо поубаво од допирот на сонцето на кожата, со текот на времето, изложувањето на кожата на сонцето го зема својот данок. Бидејќи содржи многу антиоксиданти како витамини А, Ц и Е, маслото од шипка е вашиот совршен партнер во борбата против штетните УВ зраци.

Има ефект против стареење

Со голема концентрација на витамин А, маслото од шипка е природно средство за затегнување на кожата и подмладување. Со редовна употреба на лицето, го намалува изгледот на фините линии и брчки на најкритичните места.

Ги намалува воспалителните процеси на кожата

За луѓето кои страдаат од егзема и други проблеми кои влијаат на чувствителната кожа, маслото од шипка претставува спас. Ја смирува кожата благодарение на витаминот Е содржан во него. По многу кратко време на употреба, кожата станува помирна и без траги на егзема.