МАСЛОТО ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРСКА! Овој трик ќе ви помогне во кујната!

15 август, 2021
275801_bacon-933054-960-720_f

Кога ќе помислите на трагите од масло што останале во кујната и шпоретот за пржење, ви доаѓа да се откажете од омиленото јадење.

Пржењето е популарен начин за подготовка на храна во многу традиционални кујни. Иако пржената храна нема голема репутација кај поборниците за здрав начин на живот, поради вкусниот оброк, ние сме подготвени да замижиме пред некои работи.

Меѓутоа, она што честопати не спречува да пржиме храна е нередот што останува после тоа. Маслото може да остави траги на шпоретот и во кујната. Сепак, постои едноставен трик што го спречува ова прскање, и ретко кој го знае тоа. Кога ќе го истурите маслото во тавата, веднаш додадете малку сол додека маслото е се уште ладно.

Покрај тоа, добро исушете ги состојките пред да ги додадете во маслото. Исто така, важно е храната што ја ставате на загреаното масло да не е влажна (комбинацијата на влага и топло масло води до прскање). Исушете ја и нежно спуштете ја во тавата, од што е можно помала висина.