БЕЗ ОВИЕ ДВЕ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ДОЧЕКАТЕ ЕСЕНТА: Комбинирајте ги на милион и еден начин, за стајлинг без грешка!

5 септември, 2021
185499_profimedia0416496141_ls

Некои парчиња се безвременски, а меѓу нив се дефинитивно овие две, кои можете да ги искористите максимално оваа есен!

Да, се работи за сако и фармерки! Две неизбежни работи, кои ќе се носат оваа есен, и комбинациите и варијациите се неисцрпни и безгранични.

Овој стајлинг има многу добри страни, и сите треба да се радуваме на овој старо-нов тренд, бидејќи оваа комбинација е комбинација за сите прилики.

Како? Одговорот е многу едноставен. Со неколку мали промени, од совршениот деловен или секојдневен стајлинг, ќе добиете секси и екстравагантен вечерен стајлинг, во кој ќе блеснете. Да, сакото и фармерките можат да направат сѐ, ако ги вклопите на вистински начин, а за тоа ви треба само малку чувство за мода, пар добри високи потпетици, пар добри, многу едноставни бели патики (може и старите добри стартки) и малку додатоци за да се зачини сето тоа.