Луѓето често мислат дека сте постари отколку што сте? Бидете сигурни дека сте направиле некоја од овие вообичаени грешки

4 мај, 2021
dreamstime-s-63929020

Секој цветен дезен е различен и може да биде полн погодок или промашување. Во случаи кога моделот е досаден, блед или неутрален, прескокнете го. Наместо тоа, испробајте геометриски принтови и пругии со посветли тонови

1. Носите погрешен градник

– Верувале или не, градникот може да ве направи визуелно повисоки, потенки и помлади или обратно – објаснува Карен Филипс, шеф за развој во компанијата што произведува и продава женска облека.

Woman

Погрешниот број на градник ќе влијае на начинот на седење на жената, на тоа како се држи и чувствува. Ретко е пријатно да седите во преголем градник цел ден или со премали или преголеми прерамки поради кои градите висат.

2. Сакате големи парчиња накит

Додека големите парчиња накит можат да изгледаат боемски и да ја елиминираат потребата од дополнителни детали, тие понекогаш можат да бидат претерани и да изгледаат антиквитетно, а не интересно.

„За да ја добиете таа младешка вибрација, испробајте едноставни тенки нараквици, ѓердан или прстенести обетки“, советува Филипс.

3. Робувате на трендовите

Трендовите се минливи и со секое купување треба да се запрашате дали навистина ви се допаѓа тоа парче, колку пати неделно ќе го носите или можете да го комбинирате со други работи во плакарот. Ако одговорите негативно на овие прашања, подобро да го прескокнете купувањето, објаснува Филипс.

4. Постојано сте во црно

Црната боја ја истенчува фигурата и е вечна класика, но исто така е сериозна, и тоа сигурно не е описот што го сакате за себе. За да и дадете малку живот на црната облека, додадете шарени додатоци како шал, ѓердан, чанта или очила.

24sata

– Ако не сте подготвени да се откажете од црната боја, додајте црвени или корални детали во вашите комбинации на облека што им даваат топлина на сите комбинации – додава Филипс.

5. Потпетиците не ви се доволно високи

24sata

Потпетиците ја издолжуваат фигурата, па ако сепак носите ниски чевли или чевли со мала потпетица, заменете ги со висока потпетица и зашилен врв. Жените во прекрасни чевли на потпетици изгледаат поженствено и секси.

– Колку полежерно изгледаат чевлите, толку постаро ќе изгледате, без оглед што уште носите на себе“, прокоментира Британи Ален, дизајнерка.

6. Носите цветен дезен

24sata

Секој цветен дезен е различен и може да биде полн погодок или промашување. Во случаи кога моделот е досаден, блед или неутрален, прескокнете го. Наместо тоа, испробајте геометриски принтови и пруги со посветли тонови – советува Ален.

7. Класична рамка за очила

Вистинската рамка и добрите очила можат да бидат украс сами по себе, затоа слободно експериментирајте со различни форми и дизајни на очила. Класичните старински рамки ретко се вклопуваат добро.