ПЕТ НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВИМЕ ВО ОБЛЕКУВАЊЕТО! Избегнете модна катастрофа

25 август, 2021
330287_blur-1850082-1920_f

Сите барем еднаш сме ја напуштиле куќата мислејќи дека сме добро облечени, но подоцна, гледајќи ги фотографиите, сме сфатиле дека тоа е модна катастрофа. Според советите на модните експерти, ова се петте најчести грешки во облекувањето

Носите облека која додава килограми

Хоризонталните линии и дезени на облеката додаваат килограми. Се разбира, решението е многу едноставно. Со вертикални ленти, ќе изгледате витко и модерно.

Купувате облека што не е со големина која ви одговара

Понекогаш одлучуваме да купиме помал број, со надеж дека наскоро ќе ослабеме и ќе можеме да ја носиме таа облека. Од друга страна, понекогаш купуваме многу поголем број затоа што само тој е достапен. За да бидете сигурни во вашиот избор, секогаш пробајте пред да купите и проверете дали отстапувањата во големината се прифатливи. Важно е да се чувствувате удобно. Ако некоја големина прави да се чувствувате непријатно, не го земајте парчето облека.

Носите премногу накит

Премногу парчиња накит можат да го одвлечат вниманието од парчињата облека што сакавте да ги истакнете. Поради оваа причина, треба да изберете најмногу три модни додатоци.

Купувате само брендирана облека

Скапата облека не мора да значи квалитет. Може да изгледате пристојно во поевтина облека. На повеќето луѓе прикажувањето на логото на брендот им е невкусно.

Ги вовлекувате фармерките во чизмите до глужд

Чизмите до глужд се секогаш популарни, но многу луѓе се уште не знаат како правилно да ги искомбинираат со фармерки. Ако ги вовлечете фармерките во чизмите, ќе изгледате непристојно. Во комбинација со овој тип обувки, треба да носите пократки фармерки.

escort - Korsan taksi