Викторија Бекам во бел комбинезон ги засени сите: Докажа дека не прави модни грешки

14 октомври, 2021
profimedia-0637946818-830x0

Нејзините стајлинзи поставуваат нови модни трендови

Поранешната пејачка на познатата поп група „Спајс грлс“, а денес модна икона и успешна дизајнерка Викторија Бекам (47) никогаш не престанува да ја воодушевува публиката со своите стајлинзи и изглед.

Викторија се појави во Њујорк во делумно раскопчан бел комбинезон со широки ногавици и докажа дека помалку е секогаш повеќе.

Комбинацијата ја „зачини“ со црн појас со златна тока и големи црни очила кои беа полн погодок.

Искусна и свесна дека папараците ќе ја фотографираат, Викторија ја стави едната рака во џебот, а во другата држеше мобилен телефон за да изгледа како модерна деловна жена.

Познато е дека Бекам се грижи за нејзиното лице и дека ретко се шминка, па во согласност со нејзиниот став, се појави со минимална шминка.

escort - Korsan taksi