Модернa ја тестира вакцината и кај деца под 12-годишна возраст

27 јули, 2021
shutterstock1698857200-830x0

Планирано е да се тестира вакцината на околу 7.000 деца, од кои некои ќе бидат на возраст од 6 месеци

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денес објави дека планира да го прошири опсегот на испитување на вакцината против ковид-19 на помали деца, со цел подобро да ги открие ретките несакани ефекти, како што е некаков вид на срцево воспаление неодамна пријавено од Американските здравствени власти.

Во соопштението на компанијата се наведува дека е во преговори со американската Администрација за храна и лекови за вклучување на поголем број учесници во студијата кои се помлади од 12 години, пренесува агенцијата АР.

Планирано е да се тестира вакцината на околу 7.000 деца, од кои некои ќе бидат на возраст од 6 месеци.

Најавата доаѓа во време кога бројот на случаи на инфекција со ковид се зголемува во САД, а училиштата се подготвуваат да ги пречекаат учениците.

Во исто време, регулаторите продолжуваат да ги разгледуваат случаите на редок облик на воспаление на срцето познат како миокардитис, што е забележано кај мал број тинејџери кои примале инекции на Модерна или Фајзер.

Американски официјални лица и независни медицински експерти минатиот месец изјавија дека придобивките од вакцините далеку ги надминуваат ризиците од несакани ефекти, кои се пријавени кај неколку стотици лица на возраст под 30 години.

escort - Korsan taksi