МОЛАМ?! Цел живот погрешно изговараме „Нутела“: Креаторите на омилениот намаз открија како всушност е правилно

15 февруари, 2021
France,,April,20th,2020-,Nutella,Jar

Бидејќи популарниот чоколаден намаз се консумира во сите делови на Светот, во некои земји има дискусии за правилен изговор на неговото име.

По повод Светскиот ден на Нутелата, кој се слави на 5 февруари, нивниот тим на социјалните мрежи реши конечно да ја заврши дискусијата за правилен изговор на името на популарниот намаз.

Спроведоа истражување меѓу Британците за да проверат како го изговараат зборот „Нутела“, а резултатите се малку шокантни, особено за оние од нас кои правилно го изговараат.

Имено, дури 88 проценти од Британците погрешно го изговараат името на намазот, а 78 проценти од нив велат „NUT-ella“ (nut = англиски за лешник), а само 12 проценти правилно – „NOU-tella“. Шест проценти од нив сметаат дека се изговара „ NEW-tella“, додека три проценти од испитаниците признале дека не знаат како да го изговорат.

Тимот на Нутела ја заврши дискусијата со изјава дека акцентот е ставен на првите две букви.

„Бидејќи Нутела се консумира во секој агол на Светот, веќе долго време се водат дебати за правилен изговор. Нашиот тим сакаше да открие како го изговараме името на култниот намаз. Ние го потенцираме „NOU“ во „NOU-tella“, но не ни пречи како го изговараат нашите обожаватели, најважно за нас е да уживате во тоа “, рече Џејмс Стјуарт, директор за маркетинг на британскиот и ирскиот пазар.

Фановите на култниот чоколаден намаз не криеја колку се потресени од ова откритие.