Може ли алкохолот да доведе до несакани килограми?

22 јануари, 2021
алко

Консумирањето храна под дејство на алкохол може целосно да ја уништи вашата исхрана, а причината не е само фактот дека алкохолот често е полн со калории и шеќер. Имено, алкохолот влијае на хипоталамусот, дел од мозокот одговорен за хормоните кои контролираат сè, од температурата на вашето тело до чувството на глад, жед, замор

За време на потрошувачката на алкохол, нивото на грелин (хормон кој го стимулира гладот) се зголемува, што прави да се чувствувате како да треба да јадете буквално сè што гледате. За среќа, сè уште има начини да испиете неколку пијалоци без да претерувате со внесот на калории.

Останете хидрирани

mineralna-voda

Земете голтка вода по секоја голтка алкохол – ова ќе спречи глад и ќе го забави внесувањето алкохол. Исто така, хидратацијата ќе спречи потенцијални главоболки и мамурлак следното утро.

Избегнувајте сламки

slamke

Две сламки може да изгледаат како софистициран начин за пиење коктел или некој друг алкохолен пијалок, но користењето слама може да предизвика премногу брзо да пиете премногу алкохол. Ако можете, не заборавајте да ги избегнете.

Едноставни коктели

cuba libre koktel

Овошните сирупи, кои се честа состојка на коктелите, се преполни со шеќер, што може да доведе до зголемена желба за слатки. Наместо тоа, изберете коктели кои содржат минерална вода, чај или нискокалоричен овошен екстракт, и на тој начин избегнувајте да внесувате непотребни празни калории.

Држете се до светли пијалоци

tequila

Светли алкохолни пијалоци, бело вино и шампањ често содржат помалку додадени состојки. Исто така, ваквите пијалоци содржат помали количини конгенири – природни, но и токсични нуспроизводи од ферментација.