Мозолчиња, митесери, запушени пори: Еве како да ја одржите кожата чиста пред и после тренингот

7 септември, 2021
profimedia-0459039486

Многу жени не го земаат предвид ова, а тоа прави голема разлика.

Има толку многу ситуации што можат да предизвикаат мозолчиња и инфекции на вашата кожа. Бактериите и нечистотијата се насекаде и мора да бидеме особено внимателни. Ова се совети како да се грижите за вашата кожа пред, после и за време на тренингот.

Додека тренирате, се потите и тоа е нормално и здраво бидејќи потта ги отстранува токсините од телото преку порите на кожата. Сега замислете колку луѓе ја допираат опремата во теретана додека се потат, и ретко кој ќе ја исчисти таа опрема после тренинг.

Исчистете го лицето од шминка.

Ако се шминкате додека вежбате, шминката може да предизвика големи проблеми со кожата, може да се појават црни точки и мозолчиња. Значи, ако одите во теретана веднаш од работа или едноставно не сте ја извадиле шминката, задолжително исчистете го лицето со влажни марамчиња. Покрај шминката, на кожата ѝ задава голем проблем и валканиот воздух. Со помош на ветрот или вашите раце, можете да нанесете нечистотија на лицето, па за секој случај, осигурајте се дека секогаш имате со вас влажни марамчиња и искористете ги.

Ако вежбате на отворено, треба да ставите крема за сончање, а не мрсни креми. Ќе ја заштити вашата кожа од сонце, а исто така и од мозолчиња.

Последното нешто на кое треба да обрнете внимание е вашата коса. Избегнувајте спрејови за коса, пени или гелови додека вежбате. Потта ќе предизвика ширење на препаратите на лицето, што може да предизвика појава на мозолчиња. Ако наутро ставите некој препарат, тогаш додека вежбате, врзете ја косата во пунџа.

Обрнете внимание на чистење на опремата, избегнувајте да го допирате лицето со рацете додека не ги измиете.

По тренингот, веднаш соблечете ја испотената облека и веднаш искапете се. По капењето, исчистете го лицето со лосион кој ќе ви овозможи да ги отстраните сите бактерии. На крајот, нанесете хидратантна крема.

escort - Korsan taksi