НАЈГОЛЕМА ИЗМАМА КОЈА НЕПОТРЕБНО НИ ГИ „ВЛЕЧЕ“ ПАРИТЕ ОД ПАРИЧНИКОТ! Експерт откри – ако вака ја перете облеката, фрлате пари, тоа е ГЛУПОСТ!

2 мај, 2021
masina

Заштедете пари со овој трик!

Сите ние бараме начини нашата машина за перење да работи подобро и да троши помалку, без разлика дали станува збор за електрична енергија или детергент. Експерт и советник за заштита на потрошувачите вели дека алиштата ќе се исперат подеднакво добро со само половина, па дури и третина од „препорачаната“ количина детергент!

„Направивме истражување и заклучивме дека алиштата ќе се исперат добро и само со мал дел од препорачаната количина. Помалку од половина е доволно алиштата да бидат чисти и миризливи”, вели Ешли Аирдејл.

„Во зависност од тоа кој детергент користите, понекогаш само една третина или четвртина од дозата што производителот ја советува на пакувањето ќе ви биде доволна. Зборуваме за стотици долари заштеда годишно”, рече таа.

Кога станува збор за избор на детергент, вели дека детергентскиот прав треба да се користи на многу валкани алишта, но и дамки што се свежи. Прашокот е добар избор и за бели алишта и за постелнина.

Течните детергенти добро ќе ги отстранат дамките од пот и вообичаените честички од нечистотија, но нема да делуваат толку добро на обоените алишта.

„Прашокот е секогаш појак од течниот детергент, но имајте на ум дека течниот детергент е прашок растворен во вода. Ако платите повеќе за тоа, знајте дека плаќате за додадена вода”, рече таа.