Најмногу реакции на вакцината се благи: Оваа информација е многу важна!

17 април, 2021
922655_profimedia0580254037_ls

Најчестите реакции на вакцинацијата се чувство на умор, главоболка, гадење, болки во мускулите или треска.

Од декември минатата година до март годинава, во Италија биле пријавени 46.237 случаи на реакции на вакцината против корона вирусот, а 92,7 проценти од случаите биле лесни реакции кои исчезнале за неколку часа, објави Италијанската агенција за контрола на лекови.

Најчестите реакции на вакцинацијата се чувство на умор, главоболка, гадење, болки во мускулите или треска.

Според соопштението на Агенцијата, најчесто пријавените несакани ефекти се поврзани со вакцината „Фајзер“, а неодамна се зголеми и бројот на пријавени случаи на реакција на лекот „АстраЗенека“.

Во повеќето случаи, реакциите се јавуваат истиот ден по приемот на лекот.

Со посебно внимание, Агенцијата за контрола на лекови ги следеше и испитуваше случаите на тромбоза по вакцинацијата.

Од вкупно пријавените 62 случаи во ЕУ, седум случаи на тромбоза (CSVT) со два смртни случаи и четири случаи (со два смртни случаи) со тромбоза на повеќе крвни садови се регистрирани во Италија до 22 март оваа година.

Вакцините „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Модерна“ се користат во Италија. Досега, од вкупно 63 милиони жители, 10 милиони биле имунизирани еднаш, а 4,5 милиони биле ревакцинирани.

escort - Korsan taksi