Најмоќниот народен лек: Чајот од босилек е неприкосновен, но само ако се подготвува на овој начин

28 март, 2022
Tea cup with basil leaves

Босилекот помага при воспаление на синузите, ги ублажува главоболките и го регулира варењето

Пред, како и обично, да посегнете по разни апчиња, дајте и шанса на природата.

Првото место на листата на природни лекови го заземаат чаевите.

А еден од најмоќните и најсилните чаеви на народната медицина е чајот од босилек.

Ова растение не е само лековито, туку и многу силно репелентно средство, штити од комарци, ги одбива инсектите, но помага и во лекувањето на каснувањата.

Босилекот е многу корисно растение и секој треба да го има во домаќинството, особено затоа што е лесен за одгледување, можете да го посеете во саксија и да го чувате на тераса или во кујна преку целата година.

Наречен „растение на аристократијата“, помага при хроничен синузитис, а во комбинација со маточина, тој е многу моќен при стомачни проблеми, проблеми со нервозен желудник, главоболки и мачнини.

Она што е многу важно при подготовка на чај од босилек е дека растението не се вари во вода, туку дека се прелива со зовриена вода, за да не се изгубат неговите скапоцени, лековити својства.

Семето од босилек е исто толку здраво како и чиа семето, кога се готви добива еднакво геласта структура, така што може да се користи во подготовка на смути и здрави протеински пијалоци.

Покрај сето наведено погоре, тој е одличен зачин и одлично оди со тестенини, месо, јадења од домати, па затоа е пожелно да се користи како зачин.

Во последно време, популарен е пурпурниот босилек, кој е многу декоративен, и ако го одгледувате, не ставајте го покрај зелениот, бидејќи многу брзо ќе ја изгуби бојата и ќе стане зелен.