Најновите истражувања го шокираа целиот Свет: Коронавирусот го оштетува срцето, но тоа не е НАЈЛОШОТО…

21 март, 2021
korona-shutterstock_1688106436-1536x1159

Студијата е извршена во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво

Три четвртини од оние кои починале од вирусот Ковид-19 го имале вирусот во срцето, според најновото истражување на срцевото ткиво.

Според американското научно списание Science.mag, жртвите имале абнормални срцеви аритмии пред да починат.

Оваа најнова студија, се вели, нуди увид во тоа како болеста може да го оштети срцето и како одредени третмани можат да помогнат да се спречи фатален исход.

Научниците собраа доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а докажано е дека кај некои пациенти имало зголемено ниво на тропонин, молекула што се ослободува во крвта кога ќе настане срцево оштетување.

Некои добија воспаление на срцевата кеса што го опкружува срцето, а имале и воспаление на самото срце, сепак, не е јасно дали овие проблеми биле предизвикани од корона вирусот кој го нападнал срцето директно или сите поради хиперактивен имунолошки одговор .

Студијата е извршена во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво и била извршена на повеќе од 20 примероци од 41 пациент.

Коронавирусот беше пријавен дека е присутен во 30 срца.

escort - Korsan taksi