Најново истражување: Позната е причината поради која едно лице заразено со Ковид–19 може да боледува подолго од 15 дена

2 февруари, 2021
covid

Во повеќето случаи, едно лице коешто боледува од Ковид -19, е заразно во периодот од 7 до 10 дена. Оваа граница, покажаа резултатите од практиката, може да се продолжи до максимум 15 дена.

Колку долго ќе биде присутна инфекцијата, главно зависи од имунолошкиот статус на пациентот.

Но, секако постојат и исклучоци.

Пациентите кои се имуносупресирани, на пример оние кои се на интензивна терапија со кортикостероиди, поради основната болест, имаат супримиран имунолошки одговор. Таквите пациенти не можат нормално да реагираат на каква било вирусна инфекција, па и на оваа, предизвикана од Коронавирусот. Тие можат да развијат долготрајна, дури и хронична инфекција,којашто може да трае со месеци.

Сепак, ова се исклучоци коишто ретко се случуваат.

Кај сите кои имаат здрав имунолошки систем и не се на терапија со кортикостероиди, инфекцијата трае до максимум 15 дена.