Намалете ја надуеноста и апетитот: Пробајте го ова природно и брзо решение

26 јули, 2021
Screenshot 2021-07-26 201231

На ТикТок профилот Happy & Healthy Olivia можете да најдете разни трикови за здравје и слабеење, а оној за кој авторката тврди дека работи одлично е вирусен рецепт кој ја намалува надуеноста и го потиснува апетитот, а кој го виделе над 13 милиони луѓе.

Тоа е пијалок кој се состои од вода, лажичка чиа семе и лимета.

Во чаша вода, потребно е да ставите лажичка чиа семе и лимета за подобар вкус. Почекајте пијалокот да отстои 30 минути, а потоа испијте го.

Како што вели авторката, рецептот е едноставен и „делува веднаш“.

Чиа семето е исклучително здраво и создаваат густ заштитен слој во стомакот, кој потоа го потиснува апетитот, обезбедувајќи чувство на ситост.

Богато е со важни хранливи состојки како омега-3 масни киселини, протеини, аминокиселини.

escort - Korsan taksi