НАМИРНИЦА ЗА ВИТКА СТАВА И НАМАЛЕН АПЕТИТ: Полна со протеин и одлична за здравјето!

11 април, 2021
180953_shutterstock-1215340681_ls

Една од моќните намирници и сојузници во правилната исхрана на човекот е секако грашокот. Нема многу калории и е многу богат со протеински влакна. Протеините помагаат да се намали апетитот и се прави да се чувствувате сити по оброкот. Некои експерти истакнуваат дека грашокот е една од намирниците што помага при слабеење.

Придобивките од грашокот се многубројни, а една од важните карактеристики (особено за дамите) е тоа што го намалува нивото на грелин (хормон кој го стимулира гладот). Исто така, една од важните работи е што грашокот се вари полека, а тоа ви помага да бидете сити долго време.

Придобивките од протеините се многубројни, а особено е важно телото да ги користи за да ги „храни“ важните органи и хормони во телото. Ако јадете помалку или скоро воопшто никакви протеини, имунитетот може да ослабне. Грашокот е полн со овие влакна, а исто така помага во регулирање на шеќерот во крвта, често мокрење и главоболки.

Влакната од грашок исто така можат да бидат корисни во лекување на чир на желудник, проблеми со хемороиди, а исто така можат да помогнат во здравјето на срцето и крвните садови. Одлично е ако имате проблеми со варењето, бидејќи влакната помагаат во одржување на здрави бактерии во цревата – што значи дека го намалуваат нивото на лошите. Некои студии покажаа дека грашокот има антиканцерогено дејство, сето тоа благодарение на високата концентрација на антиоксиданси.