НАМИРНИЦИ ЗА БРЗО ГРАДЕЊЕ НА МУСКУЛИТЕ: Повеќе не мора да јадете само пилешки гради и јајца!

6 август, 2021
plank-2793016_1920-660x450

За да изградите мускулна маса со вежбање во теретана, парк или дома, треба да се придржувате кон следните принципи: постепено зголемување на тежината со која вежбате, вишок калории, квалитетна програма за кревање тежина, целосна исхрана со акцент на протеини, одмор и закрепнување и конзистентност , време и следење на напредокот.

За да изградите мускули со храна, треба да јадете околу 30 грама протеини за време на секој оброк.

Покрај пилешките гради, постојат и други намирници кои можат да ви помогнат.

Градите од патка се малку помасни од пилешките, но исто така се и многу повкусни. Тие содржат моќна количина на протеини, околу 46 грама по парче.

Гравот Едамаме е богат со високо квалитетни протеини. Една чаша варени мешунки од едамаме може да содржи до 19 грама протеини.

Остригите се вкусни школки кои содржат околу два грама протеин по парче. Ако изедете само шест од нив како мезе, веќе ќе внесете 12 грама во вашето тело, што е половина од препорачаниот внес по оброк.

Пушениот лосос на 85гр има околу 15 грама протеин.

Една чаша наут содржи околу 15 грама протеин. Можете да го додадете на многу различни јадења и салати.

Една чаша кравјо млеко има скоро 8 грама протеини.

Една конзерва сардина може да има 23 грама протеини, што е речиси препорачаната количина по оброк.