Намирници за кои никогаш не би помислиле дека топат маснотии!

12 март, 2021
hrana-210170-1024x710

Иако се чини дека тие можат да имаат сосема спротивен ефект, некои намирници се одлични за топење на маснотиите.

Иако нема храна што магично веднаш ќе ги стопи сите несакани килограми, има храна што согорува маснотии, за која никогаш не би рекле дека помага при губење на маснотиите.

Што точно е храна што „согорува маснотии“? Ова се храна која го започнува вашиот метаболизам, помага да согорувате маснотии или едноставно ве одржува сити подолго. Еве список на ваква храна.

Темно чоколадо
Чоколадо за согорување на маснотии? Да! Истражувачите од Универзитетот во Луизијана откриле дека чоколадото може да го зајакне производството на цревни полифенолни соединенија во организмот. Ова вклучува масна киселина која ги „исклучува“ гените поврзани со воспаление и го охрабрува телото да согорува маснотии како гориво.

Сенф
Научниците од англискиот политехнички институт во Оксфорд откриле дека јадењето една лажичка сенф всушност може да го зајакне метаболизмот до 25% со часови откако ќе го консумирате.

Свинско филе
Во студија објавена во списанието Nutrients, субјектите со прекумерна тежина јаделе посно свинско месо, а по три месеци учесниците забележале значително намалување на големината на половината, БМИ и маснотии на стомакот. Се смета дека свинските протеини придонесуваат за поголемо согорување на маснотиите.

Чоколадно млеко
Чоколадно млеко со малку маснотии всушност содржи осум грама протеини по чаша, што значи дека ако пиете малку пред и после тренинг, на вашето тело му давате многу протеини. Не е тајна дека мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотиите и додека вежбате, градите повеќе мускули. Вие само треба да изберете чоколадно млеко во кое нема многу шеќер.

Црвено вино
Ако се обидувате да изгубите тежина, само една чаша црвено вино може да помогне. Имено, тој содржи ресвератрол, многу антиинфламаторен полифенол.

Путер од кикирики
Не само што има одличен вкус, туку содржи мноштво хранливи материи кои помагаат при добивање рамен стомак. Овие вклучуваат мононезаситени масти (кои исто така помагаат во намалување на холестеролот) и протеини.

Сирење
Сирењето е богато со калциум, а внесувањето на калциум и млечни производи е поврзано со целокупната помала телесна тежина, според едно истражување. Сепак, треба да бидете внимателни во однос на количината што ја јадете. Добро е да го комбинирате со други закуски кои се богати со растителни влакна.

Бел чај
Чајот е генерално добар за организмот, а белиот чај носи уште поголеми придобивки на организмот. Една студија покажа дека белиот чај може да стимулира липолиза, распаѓање на маснотиите и исто така да блокира адипогенеза или формирање масни клетки.

escort - Korsan taksi