Намокрете го сунѓерот, исцедете неколку капки од овој сок на него и нема да треба да се грижите за бактериите!

6 јануари, 2022
362114_gloves-4017614-1920_f

Сигурни сме дека веќе сте слушнале за тоа како сунѓерчето за садови е веројатно највалканата работа што ја имате во куќата.

Собира повеќе бактерии отколку WC школката.

Затоа се препорачува да се менува еднаш неделно, но магазинот „Journal of Environmental Health“ неодамна објави истражување во кое пишува дека кујнскиот сунѓер сепак може да трае и до три недели, доколку се одржува правилно.

Имено, сунѓерот може да се измие и дезинфицира полесно отколку што сте замислувале. Сè што ви треба е вода, неколку капки сок од лимон и микробранова печка.

Натопете го сунѓерот, исцедете неколку капки лимон врз него и ставете го во микробранова печка. Оставете 90 секунди на највисока температура и овој потег ќе ја намали контаминацијата на бактериите за дури 99 проценти.

escort - Korsan taksi