Направете домашна маска која ја затегнува кожата! Ќе се воодушевите од резултатот!

26 мај, 2021
379750_x4_f

Затоа експертите предложија маска што лесно и брзо можете да ја направите дома

Тоа е таканаречената „ ботокс маска“, која ќе стане алтернатива на многу третмани во козметичките салони. Освен што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на познатиот ботокс.

Оваа маска е потполно природна и наводно ја затегнува кожата дури и подобро од ботоксот, тврдат експертите. Потребните состојки за таа намена се една лажица густин, пет лажици свежо исцеден сок од морков. Исцедете го во соковник или блендер, па процедете го низ цедалка.

Потребна ви е и лажица кисело млеко и вода. Растворете го густинот во половина чаша ладна вода, а потоа истурете 100 милилитри врела вода.

Потоа, ставете го на шпорет и варете на тивок оган додека не се згусне, а потоа оставете ја смесата малку да се излади.

Потоа додадете сок од морков и кисело млеко. Измешајте сè добро и маската е подготвена за употреба.

Исчистете го лицето, ставете маска и оставете да стои половина час, а потоа исплакнете го со млака вода. Потоа нанесете хранлива крема на лицето, и оставете ја преостанатата количина од маската во фрижидер. За да го направите ефектот посилен, нанесувајте ја маската три ноќи по ред.

escort - Korsan taksi