Направете ОСВЕЖУВАЧКИ ЛЕТЕН ТОНИК за лице! ЈА СМИРУВА кожата, а ефикасен е и ПОСЛЕ УБОДИ од инсекти!

23 август, 2021
469743_sprej-hladjenje_f

Тоникот за лице ги чисти порите, го отстранува себумот и нечистотиите без исушување и ја освежува кожата. Освен тоа, разладува во жешките летни денови и тоа не е се…

За освежувачкиот летен тоник за лице ви требаат:

– едно шишенце со распрскувач од 50 мл

– хидролат од нане 20 мл

– хидролат од лаванда 20 мл

– два грама растителен глицерин

Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шишенце и протресете, чувајте го во фрижидер и кога сакате, прскајте на кожата на лицето.

Оваа мешавина е одлична ако имате изгореници од сонце бидејќи ја смирува кожата на лицето, а ефикасна е и по каснување од инсекти. Исто така е одлична за разладување во жешките летни денови.