НАПРАВЕТЕ САМИ МОЌНО СРЕДСТВО ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЧИСТОТИИТЕ! Вашиот мебел повторно ќе биде како нов!

1 февруари, 2024
340529_brown-wooden-center-table-584399_f

Ако сакате брзо да ги отстраните трагите од храна и пијалоци од вашиот автомобил или мебел, тоа може да го направите со ова моќно средство што можете сами да го направите

Можете лесно да го направите ова средство дома, а може да направи чуда за вашиот мебел.

Состојки:

  • 1 чаша детергент за миење садови
  • 1 чаша алкохолен оцет
  • 1 чаша газирана вода
  • шише со распрскувач
  • четка и крпа

Постапка:

1. Темелно исчистете го мебелот или седиштата во автомобилот со правосмукалка.

2. Истурете ги сите состојки во шишето и нежно протресете со кружни движења.

3. Испрскајте ја течноста врз дамките и оставете да отстои околу 5 до 10 минути.

4. Темелно истријте ги дамките со мека четка.

5. Натопете ја крпата во чиста вода, добро исцедете ја, потоа цврсто избришете ги дамките со неа и повторете ја постапката.

6. Оставете ја ткаенината да се исуши, а ако стеја навлажнле премногу, со сува крпа притиснете ја влажната површина на седиштето така што ќе го апсорбира вишокот на влага.