НАУЧНИЦИ ГИ РЕШИЛЕ СИТЕ ДИЛЕМИ: Еве кога вакцината Pfizer дава ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА и дали е доволна една доза

10 март, 2021
Screenshot_4

Една доза од вакцината Pfizer постигнува скоро целосна ефикасност околу 11 дена по примањето, па може да се покаже дека не е потребна друга доза, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн.

„Ова е вест што може да донесе оптимизам. Ефективноста на mRNA вакцините против Ковид-19 започнува на 11-тиот ден од примањето. Ова отвора можност за добивање заштита на краток рок”, рече њујоршкиот Medrxiv, страница во сопственост на непрофитната организација Cold Spring Лаборатории.

Во текстот се вели дека нема очигледен напредок во давањето на втората доза по три или четири недели, што само укажува на јачината на првата доза (барем во краткорочни услови кога се ограничени залихите) и им помага на здравствените услуги поголема флексибилност кога доаѓа до втората доза, доколку се утврди дека е неопходна.

Угледниот Форбс го цитира медицински журнал, во кој се наведува студија дека луѓето кои ја примиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите соеви на ковиди, само одговорот бил помал во однос на јужноафриканскиот сој.