Научниците докажаа: љубовните проблеми можат да предизвикаат физичка болка

15 јули, 2021
Screenshot_2

Балони и перници во форма на срце, црвени рози и чоколадо се само некои од работите што треба да ни помогнат уште повеќе да се заљубиме, но и да ни помогнат да го пребродиме периодот додека не ја најдеме сродната душа. На пример, во Швајцарија, во февруари, месецот на љубовта, се организираат забави за слободните, „брза средба“ на жичара или разгледување на стариот град Винтертур со водич наменет исклучиво за луѓе без партнер.

Хансјерг Цној, професор по клиничка психологија на Универзитетот во Берн, напиша неколку книги кои се занимаваат со љубовните проблеми. Раскинувањето на љубовната врска предизвикува одредени стресни реакции, слични на оние што се случуваат во случај на смрт на саканата личност.

– Тагата за починатата блиска личност е препознаено чувство, кое се почитува – објаснува Цној.

Постојат одредени ритуали, роднини и пријатели даваат поддршка на ужалените. Љубовните проблеми, сепак, се обележани со одреден вид срам. Помош за скршено срце. Кога срцето на Есма Гинтенспергер се скрши пред многу години, таа сакаше да разговара со експерт, но ѝ беше непријатно да побара помош од лекар или психијатар. Нејзиното лично искуство ја инспирираше да отвори канцеларија за љубовни заболувања во 2015 година во швајцарскиот град Туна, каде што нуди психолошка помош. Во првата фаза, се обидува да открие што го прави среќен пациентот и на кој начин може да си помогне, на пример, правење одредено хоби.

– Секој има потенцијал да си помогне – убедена е таа, но за да го надминете раскинувањето, мора свесно да одлучите да „отпуштите“. За организмот, љубовното страдање значи исклучително голем стрес, што може да се измери.

Љубовна болка како изгореница

Американски научници го сликале мозокот и откриле дека акутните сигнали за физичка болка се навистина присутни во љубовните проблеми. Ако саканата личност со која бевме во врска не одбие, се активираат слични центри во мозокот, како на пример кога ќе ги изгориме рацете со топла вода. Цној и неговиот тим развија програма за самопомош, која ја тестираа на околу стотина испитаници. Терапијата преку Интернет се состои од десет модули. Присутните учат зошто раскинувањето предизвикува болка, како да излезат од вителот на тагата и да ја прифатат болката. На крајот, тие му пишуваат проштално писмо на својот поранешен партнер. Тимот моментално ги анализира резултатите од студијата, чија цел е да им помогне на корисниците да се справат со загубата без да се чувствуваат лошо, но и да ги посочат разликите помеѓу надминување на стресот поради смрт на блиска личност и стрес како резултат на раскинување.

Надминување на раскинувањето, ментален предизвик

Научникот вели дека надминувањето на раскинувањето е ментален предизвик и дека е невозможно да се скрати тој процес. За оние кои во моментов страдаат поради љубов, овие зборови можеби не се од голема помош, но има вистинска надеж за скршеното срце, вели Цној. – Ако маките на љубовта ја уништеа можноста повторно да се заљубат, светот немаше да постои одамна.

escort - Korsan taksi