Научниците откриваат: Нова теорија која ДАВА НАДЕЖ за пациенти по прележан Ковид

28 мај, 2021
нова теорија

Неколку месеци по прележаниот Ковид, особено доколку бил со благи симптоми, пациентите имаат имуни клетки кои произведуваат антитела против вирусот на корона, покажува студијата спроведена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон.

Истражувачите откриле дека ваквите клетки можат да создадат резерви во текот на целиот живот, произведувајќи антитела постојано, се вели во студијата објавена во списанието „Nature“.

Исто така, се наведува дека уште поблаги случаи на коронавирус ги оставаат пациентите со трајна заштита и дека повторените инфекции веројатно ќе бидат невообичаени.

„Минатата есен имаше извештаи дека антителата брзо опаѓаат по инфекцијата со вирусот Ковид 19, а медиумите информираа дека имунитетот не трае долго. Сепак, ова е погрешно толкување на податоците. Нормално е нивото на антитела да паѓа по акутна инфекција, но не паѓа на нула, туку се одржува на одредено ниво “, посочува еден од авторите на студијата, Али Елебеди, вонреден професор на Медицински Факултет на Универзитетот во Вашингтон.

Истражувачите откриле клетки кои произведуваат антитела кај испитаниците 11 месеци по појавата на првите симптоми. Тие веруваат дека овие клетки ќе живеат и произведуваат антитела до крајот на човечкиот живот, а тоа е силен доказ за долготраен имунитет, како што тврдат тие.

За време на вирусна инфекција, имуните клетки кои произведуваат антитела брзо се размножуваат и циркулираат во крвта, со што нивото на антитела е многу високо. Сепак, штом инфекцијата престане, повеќето од овие клетки умираат, а нивото на антитела паѓа.

Сепак, мал дел од овие клетки, наречени долговечни плазма клетки, мигрираат во коскената срцевина и се населуваат таму. Во коскената срцевина, овие клетки континуирано лачат ниско ниво на антитела во крвотокот со цел да се заштитат од нова средба со вирусот.

Елебеди и неговите колеги тестирале 19 лица кои дадоа примероци на крв во интервали од три месеци, почнувајќи од еден месец по почетокот на инфекцијата. Повеќето имале лесни симптоми, а шестмина учесници биле хоспитализирани.

Тие ја анализирале коскената срцевина на учесниците 7 или 8 месеци по почетокот на инфекцијата. Петмина од нив се вратија четири месеци подоцна и повторно дадоа примерок од коскена срцевина. За споредба, истражувачите исто така анализирале примероци од коскена срцевина од 11 лица кои никогаш немале Ковид 19 .

Откриле дека нивото на антитела во крвта на пациентите кои биле подложени на Корона брзо паднало во првите неколку месеци по инфекцијата, за подоцна да се стабилизира, односно да биде на исто ниво.

15 од 19 примероци на коскена срцевина на луѓе кои биле подложени на Корона, содржеле клетки кои произведуваат антитела, конкретно насочени кон вирусот што го предизвикува Ковид 19. Таквите клетки сè уште може да се најдат четири месеци подоцна кај пет лица кои се вратиле да дадат други примерок од срцевина “ – велат истражувачите.

Од друга страна, ниту едно од 11-те лица кои не прележале ковид, немале такви клетки во коскената срцевина.

Овие клетки не се делат. Тие се одмораат во коскената срцевина и лачат антитела. Тие го прават ова од крајот на инфекцијата и ќе се активираат на неодредено време. Сè уште не е целосно јасно дали би имале ист резултат на истражување кај пациенти кои надминале умерен до тежок облик на Ковид 19-та година “, тврди д-р Елебеди.

escort - Korsan taksi