НАУКАТА ДОКАЖА: Мозокот може да се истренира да ја засака здравата храна

30 март, 2021
voće_1000x0

Истражувањето спроведено во Америка покажа дека мозокот може да се обучи да претпочита здрава храна, повеќе од оние со високо ниво на калории. Ова е можно со примена на диета што нема да ве остави гладни.

Научниците од Универзитетот Тафтс велат дека тоа е можно дури и кога зависноста од нездрава храна е длабоко вкоренета.

Во студијата учествувале 13 лица со прекумерна тежина, од кои осум учествувале во специјална програма за слабеење. Тие го проучувале делот од мозокот кој е поврзан со награда и зависност.

Кај луѓето во специјалната програма, истражувањето се засноваше на промена на преференциите на храната, пропишување диета заснована на висок внес на влакна и протеини и низок внес на јаглени хидрати. Оваа диета не им дозволи на учесниците да бидат гладни затоа што тогаш се јавува желба за нездрава храна.

Voće i povrće

Студијата траеше 6 месеци и мозокот на сите беше скениран на почетокот и на крајот на овој период. Кога на учесниците им беа прикажани фотографии од различна храна, нискокалоричната храна предизвика поголема реакција. Уживањето во здравата храна исто така се покажа дека се зголемува.

Потребно е дополнително истражување, со повеќе учесници и кое ќе вклучува повеќе делови од мозокот, истакнуваат научниците.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris