Не бидете во заблуда: 5 митови за храната во кои слепо веруваме со години

19 јули, 2021
Screenshot 2021-07-19 210727

Некои од нас веруваат дека одредена храна е здрава, иако всушност не е

Веројатно сте слушнале барем еднаш во животот дека треба да конзумирате многу витамин Ц за да спречите настинка, но дали е тоа навистина така, откриваме подолу.

5 митови за храната:

Витаминот Ц спречува настинка

Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц, по правило, не штити од настинка, но може да им помогне на луѓето кои се изложени на екстремен физички напор. Студија од 2019 година покажа дека витаминот Ц помага во борбата против стресот. Ако се соочувате со екстремен напор, земете витамин Ц.

Целерот има негативни калории

Митот е дека ако јадеме целер, трошиме повеќе калории отколку што тој содржи, што беше докажано со истражувањето на клиниката Мајо. Сепак, треба да се каже дека со десетина калории по оброк, колку што добивате со јадење целер, оваа храна е одличен избор за одржување на здравјето. Исто така, ако планирате да изгубите тежина, слободно јадете целер.

Варењето на морковот ги „убива“ сите хранливи вредности на овој зеленчук

Напротив, антиоксидантите можат да се „подобрат“ ако зеленчук се обработи. Студија објавена во 2008 година покажа дека варењето на морковите всушност ја зголемува неговата хранлива вредност. Тоа доведува до зголемување на каротеноидите (антиоксиданти) за 14 проценти, додека другите методи за готвење, особено пржењето – ја намалуваат неговата вредност.

Избегнувајте ги јајцата поради холестеролот

Јајцата, за жал, во некои случаи неоправдано, добија лоша репутација. Сепак, пред две години, едно истражување откри дека јајцата всушност не се причина за високт холестерол. Тие се извор на многу хранливи материи, вклучувајќи цинк и железо, лутеин, витамин Д… Се разбира, тоа не значи дека треба да претерувате со нивната потрошувачка.

Маргаринот има помалку калории од путерот

Путерот и маргаринот имаат приближно иста количина калории. Сепак, иако маргаринот се прави од растителни масла како поздрава алтернатива на путерот, некои маргарини се всушност нездрави затоа што содржат транс масти кои штетно влијаат на нашите крвни садови и срце.

escort - Korsan taksi