Не фрлајте пари! Го имате РЕШЕНИЕТО ПРОТИВ СЕДА коса во вашата КУЈНА!

7 јули, 2023
393719_x5_f

Обично косата почнува да ни поседува по триесетата година. Оттогаш, веројатноста вашата коса да поседи се зголемува 10 до 20 проценти на секои десет години од животот …

Појавата на седа коса е кошмар за секого. Фарбањето на цела коса обично се смета за најбрзо решение.

Меѓутоа, за да избегнете понатамошно оштетување, прво пробајте со природни бои. Една од нив е кафето. Направете силно кафе за 3-4 шолји. Кога ќе се излади, добро истријте го цело на (чиста) косата. Потоа измијте ја со млака вода.

Повторете ја постапката неколку дена додека не ја добиете саканата нијанса.

И црниот чај може да се користи како природна боја. Потребни ви се две лажички лисја од црн чај и чаша вода. Направете силен чај на вообичаен начин и оставете го да се излади. Нанесете го чајот на вашата коса и оставете да делува еден час, а потоа исплакнете со ладна или млака вода.

Црниот чај се користи за фарбање на косата после миење затоа што не смеете да ја миете со шампон после фарбањето. Третманот се повторува еднаш неделно.