НЕ ГО МЕСТЕТЕ КРЕВЕТОТ ВЕДНАШ ШТОМ ЌЕ СТАНЕТЕ! Еве зошто е ова ВАЖНО

7 октомври, 2021
467429_zena_f

Повеќето од нас уште од детството научиле дека е важно да го средиме креветот кога ќе станеме секое утро, и тоа обично се поврзува со уредноста и организираноста.

Сепак, експертите открија дека оваа навика може да ни направи повеќе штета отколку добро, бидејќи би можеле несвесно да создадеме совршена средина за грини, пишува „The Sun“.

Експертите од компанија за душеци предупредија дека местењето на креветот веднаш штом се разбудите создава идеално место за грини, бидејќи ги опкружувате со топлина.

– Грините сакаат топлина, затоа наутро треба да ги оставите ќебињата такви какви што се околу 30 минути за да се „оладат“, а дури после тоа можете да се посветите на местеше на постелнината – објаснија експертите.

Ако го наместите креветот веднаш штом ќе станете, создавате услови за грини

Грините се мали животни кои се невидливи со голо око и се хранат со мртва кожа која се лупи во текот на денот и додека спиеме. Тие често се наоѓаат во мебел, теписи, постелнина, па дури и играчки, и може да предизвикаат чешање, течење на носот или насолзени очи ако сте алергични. Сакаат влажни и топли места, чија температура е помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.

Со проветрување на креветот, тим експерти открија дека нанесувањето на крем непосредно пред спиење е голема грешка. Нанесувањето на лосион е ритуал за некои, но ако одите во кревет веднаш после тоа, постелнината ја апсорбира целата влага.

– Постојат работи што можете да ги направите за да ја одржите постелнината свежа. На пример, не јадете во кревет, не дозволувајте миленичиња да влезат во креветот и користете производи за нега на кожа најмалку 30 минути пред спиење – советуваат тие.

escort - Korsan taksi