Не мора да бидете на строга диета за да изгубите тежина! Нутриционистите ве советуваат на неколку едноставни трикови!

14 март, 2021
диета

Без разлика дали сте на диета или не, доколку сакате да изгубите тежина, задолжително следете ги овие совети.

Експертите советуваат дека е најдобро да јадете пет помали оброци на ден, три главни и две закуски. Треба да се јаде полека, во мали чинии.

Понатаму, извадете ја целата нездрава и тешка храна од фрижидерот и купете нова, поздрава храна. Првата набавка ќе биде голема, но секој следен пат ќе купувате само она што ви треба.

Нутриционистите ве советуваат да пиете пијалок семе од тилчец наутро. Потопете семе од тилчек преку ноќ, и процедете го и пијте го наутро. Овие семиња го забрзуваат метаболизмот и ја одржуваат линијата. Пијалокот помага да се исфрлат токсините од телото. Следува појадок, најважниот оброк во денот.

Бавното џвакање спречува прејадување затоа што му дава на мозокот дополнително време да прима сигнали од стомакот дека е полн. Исто така, го олеснува правилното варење и ја ограничува големината на порциите. Затоа, препорачливо е да џвакате храна 30 до 50 пати по залак.

Што се однесува до оброците, тие треба да бидат избалансирани. Изберете јаглехидрати, зеленчук, овошје, житарки. Кога јадете здрава храна, имунитетниот систем се зајакнува, телото добива енергија и ги исфрла токсините.

Вметнете житарици од цело зрно, како што се кафеав ориз, трици, пуканки, јачмен и сорго, во исхраната бидејќи ги обезбедуваат потребните влакна, ќе бидете сити долго време и ќе согорувате маснотии во стомакот.

escort - Korsan taksi