НЕ МОЖЕТЕ ДА ИМ ОДОЛЕДЕТЕ НА СЛАТКИТЕ? Тајната е само во еден минерал!

20 јануари, 2021
dijeta

Не е лесно да се намали конзумирањето на слатки, но еден минерал би можел да ви помогне во тоа.

Ако некогаш сте се обиделе да го намалите внесувањето слатки, знаете колку е тешко и дека е потребна силна волја. Сепак, една работа може многу да ви помогне, а работата е што треба да го насочите фокусот кон храната што ја јадете. Поточно, на минералот што го внесувате преку вашата исхрана.

За да јадете помалку слатки, покажаа истражувањата, треба да јадете повеќе храна богата со магнезиум.

Нутриционистката Сузан Јановски вели дека особено ви помага ако често јадете чоколадо.

„Чоколадото инаку е богато со магнезиум, така што недостатокот на минерали може да игра улога во тоа“, вели таа.

Нутриционистката истакнува дека многу луѓе имаат недостаток на овој минерал во организмот, а тој е многу важен за здравјето на коските, работата на срцето, органите за варење, спиењето, па дури и влијае на расположението и енергијата.

За да добиете доволно магнезиум, нутриционистката препорачува консумирање ореви, семенки, кафеав ориз, грав, суво овошје, како и зелен лиснат зеленчук.

Препорачаната дневна доза за возрасни е 420 милиграми за мажи и 320 милиграми за жени.