Не мрднале ни чекор: Научници од Кембриџ инсистираат да се утврди од каде настанал коронавирусот

15 мај, 2021
258346363609e2bc1eb421277002457_v4 big

Потеклото на коронавирусот е сè уште непознато и нема доволно докази за да се каже дали потекнува природно или „протекол“ од лабораторија, објави денеска група искусни научници од Универзитетот во Кембриџ.

“Потребна е поголема истрага. Сè уште треба да го утврдиме потеклото на пандемијата”, напишаа 18 научници во отворено писмо, меѓу кои и Равиндра Гупта, клинички микробиолог од Кембриџ и Џеси Блум, кој ја проучува еволуцијата на вирусот во Центарот за истражување Фред Хатсуинсон.

Научниците изјавија дека не е исклучена можноста вирусот да е создаден со преминување од животно на човек или со случајно напуштање на лабораторијата.

escort - Korsan taksi