НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ: Лекар објасни зошто не треба да јадеме повеќе од 2 парчиња лубеница на ден!

10 јули, 2021
Screenshot 2021-07-10 203851

Можете да влезете во состојба што секој сака да ја избегне!

Лубеницата содржи многу витамини, како и многу вода, што ја прави одлично летно освежување, но треба да имате предвид неколку работи. Како прво, треба да јадете во умерени количини, најмногу две парчиња на ден!

Ендокринолог од Универзитетската болница во Москва, д-р Зухра Павлова, предупредува на прво место дека плодот е полн со фруктоза. Вишокот на фруктоза, особено ако се зема на празен стомак, доведува до масна дегенерација на црниот дроб, а фруктозата генерално придонесува за развој на дебелина. Покрај тоа, фруктозата влијае на одредени хормони во телото, поради што го зголемува апетитот.

Од друга страна, лубеницата треба да биде вклучена во вашата исхрана, но во умерени количини, бидејќи содржи изобилство на витамини, пред се А и Ц.

Едно парче лубеница обезбедува дури 25% од дневните потреби за витамин Ц, што е важно за здравјето на забите и непцата, за функционирањето на имунитетот и апсорпцијата на железо.

Витаминот А, кој исто така се наоѓа во лубеницата, игра важна улога во здравјето на очите, коските, но и во репродукцијата. Исто така, влијае на производството на лимфоцити и имунолошкиот систем, а од едно парче лубеница ќе задоволите 30% од дневните потреби за витамин А.