Не сте знаеле? Неочекуваните ерогени зони откриваат непознати задоволства

13 септември, 2021
Screenshot 2021-09-13 160017

Секој веројатно може да ги наведе најчестите ерогени зони, но има и такви кои не се толку познати. Експертот за секс и односи Анабел Најт објасни пет неочекувани ерогени зони:

Зглобовите на рацете

Тука ретко не допираат, па зглобовите содржат одредено ниво на табу. Тие се, исто така, „на пат“ кон поинтимни делови од телото, така што ова исто така ја зголемува возбудата. Можете лесно да поминувате со прстот околу зглобовите во кружни движења.

Колена

Се работи за областа зад коленото, точно на свиокот на ногата, каде што кожата е малку помека. Тоа е место каде што другите ретко не допираат, што значи дека чувствуваме мал наплив на возбуда кога некој ќе не допре таму.

На тоа место има многу нерви, што значи дека ова е исклучително чувствителна област. Лесните допири добро функционираат и овде.

Прстите на нозете

Многумина се згрозуваат од допирање на стапалата, но прстите не се само за луѓето со фетиш, тие можат да бидат исклучително секси место за почеток на предиграта. Иако некои се скокоткаат при најмал допир, многумина уживаат да им се лижат, цицаат или галат ножните прсти.

Стомакот

Вашиот стомак е близу до вашата главна ерогена зона, така што чувството на исчекување може да биде исклучително возбудливо.

Стомакот е исто така добро место за играње со температурата. Обидете се да држите нешто ладно или топло во устата, и тогаш бакнувајте го стомакот на партнерот, пишува „The Sun“.

escort - Korsan taksi