Не ви е потребна диета! Следете ги овие совети и ќе ги изгубите килограмите без проблем
- Вода пред јадење
Една чаша вода пред оброк е одличен метод бидејќи ќе го „измамите“ телото и ќе имате чувство на ситост. Покрај тоа, хидратацијата е исто така важна.
- Намалете ги порциите
Клучот за губење на тежината се помалите порции, особено за вечера.
- Намалете го внесот на јаглехидрати
Јадете карфиол наместо ориз, земете тиквички наместо тестенини …
- Спуштете ја вилушката на масата
Ставете ја вилушката на масата помеѓу залаците. Ова е одличен метод што ќе ве спречи да јадете брзо.
- Повеќе зеленчук
Најмалку половина од чинијата треба да содржи зеленчук.
- Не порачувајте храна
Однесете храна што сте ја подготвиле дома на работа. Организирајте се во недела и сварете сѐ однапред.
- Не јадете пред ТВ
Истражувањата покажуваат дека расеаноста за време на оброците резултира во тоа да јадеме повеќе.
- Исфрлете го слаткото
Доколку имате намера да изгубите тежина, откажувањето од слатки се подразбира, но исто така обрнете внимание и на засладувачи на чај или кафе со шеќер и изберете полесни верзии на засладувачи.
- Шетајте
Не секогаш имате време да тренирате? Прошетајте! Секојдневното пешачење топи калории, го забрзува метаболизмот и го зајакнува срцето. Покрај тоа, тоа влијае на добро расположение.
- Подгответе ја омилената храна во поздрава верзија
Уживајте во поздрави алтернативи на вашите омилени јадења. Наместо пица, пронајдете рецепт за поздрава верзија на тестото, ако навистина го сакате тестото и збогатете го со зеленчук.
- Не јадете доцна
Доцните оброци предизвикуваат телото да нема време да согорува калории. Најдобро е последниот оброк да го имате пред 19-20 часот.
- Престанете да купувате слатки
За да бидете сигурни дека не јадете слатки кога имате силна потреба, едноставно престанете да купувате слатки и закуски.
- Пронајдете ја рамнотежата
Да се исфрли сè што сакате на долг рок не е одржливо решение. Поставете си ден кога ќе ве почестат со вашето омилено јадење или закуска, се разбира во граници.
- Заборавете на лебот на дневна основа
Умерените количини не се проблем, но ако јадете сендвич секој ден, тоа може да го забави слабеењето. Најдете алтернативи за појадок.
- Елиминирајте го алкохолот
Половина литар пиво содржи околу 230 калории, а ако пиете четири шишиња вино месечно – тоа се 27.000 калории годишно.