НИКОГАШ НЕ ЈА ШАМПОНИРАЈТЕ ВАШАТА КОСА 2 ПАТИ И БАЛСАМОТ НАНЕСУВАЈТЕ ГО НА ОВОЈ НАЧИН

22 септември, 2021
kosa-01

Убавата и уредна фризура е половина од уредениот изглед на жената, и иако сметаме дека нема многу мудрост, еве ги вистинските совети како да се грижите за вашата коса.

Сигурно сте забележале колку е различна вашата коса, без оглед на препаратите што ги користите, кога ја миете дома, во споредба со тоа кога вашиот фризер ќр ја измие. Секогаш е некако наелектизирана дома, побрзо се мрси и не „паѓа“ како што треба. Британскиот фризер Луис Галвин ги открива најчестите грешки што ги правиме при миење и грижа за косата.

„Нема потреба да ја миете косата двапати со шампон, бидејќи на тој начин се активираат лојните жлезди на вашата глава, а потоа вашата коса станува помрсна. Едно шампонирање е сосема доволно”, рече таа и објасни како правилно да се користи регенераторот.

„Ставете регенератор на вашата коса и не ја исплакнувајте целосно бидејќи ова го распределува производот подеднакво, а потоа чешлајте ја косата со прстите од врвовите до корените. Запомнете, вашите прсти се помеки од четка. Ова е особено важен совет за луѓе со долга коса и за жени кои се во менопауза, бидејќи нивната коса е повеќе склона кон оштетување “, додаде фризерот, нагласувајќи дека е правилно да се чешла косата од краевите.

„Повеќето луѓе земаат четка и почнуваат да се чешлаат од коренот. Иако, може да помине глатко, подоцна кога ќе ја погледнете четката, ќе видите многу паднати влакна на неа. Затоа, секогаш тргнувајте од врвовите и чешлајте ја косата полека кон коренот “, вели таа.

escort - Korsan taksi