НОВ ЛЕК ПРОТИВ КОВИД-19 ПОКАЖУВА ВЕТУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ: Го намалува вирусното оптоварување по петдневно лекување!

8 март, 2021
NY: Merck & Co. Pharmaceutical Company to help Johnson & Johnson produce Covid-19 vaccine

Оралниот лек на „Мерк“ значително го намали вирусното оптоварување кај пациентите по петдневно лекување

Фармацевтскиот гигант „Мерк“ и американска лабораторија во саботата објавија напредок во тестирањето на орален лек против ковид-19, антивирусен лек кој има позитивно влијание врз намалувањето на вирусното оптоварување. „Бидејќи има потреба од антивирусно лекување на SARS-CoV-2, ние сме охрабрени од овие прелиминарни резултати“, вели Венди Пеинтер, официјален претставник на „Ridgeback Biotherapeutics“.

„Мерк“ ја прекина работата на две потенцијални вакцини ковид-19 кон крајот на јануари, но продолжува со истражувањето на два лека против оваа болест, вклучително и молнупиравир, развиени со американската фирма Ridgeback Bio. Лекот значително го намали вирусното оптоварување кај пациентите по петдневно лекување, соопшти компанијата во саботата на состанокот со експертите за заразни болести.

Ветувачки резултати

Втората фаза на тестирањето е спроведена на 202 пациенти кои не биле хоспитализирани и имале симптоми на ковид-19. Лековите против грип како што се оселтамивир (Тамифлу) и занамивир (Реленза) понекогаш се препишуваат против сезонски грип, а сега се прави обид да се најде лек за ковид-19.

Резултатите од оваа студија ветуваат, „особено побрзо намалување на вирусното оптоварување на луѓе кои имаат ковид-19 во раните фази и кои добиле молнупиравис“, вели Вилијам Фишер, еден од директорите на студијата и професор по медицина на универзитетот во Северна Каролина.

„Мерк“ работи и на лекот МК-711 и првите резултати од клиничките испитувања покажуваат дека ризикот од смрт или респираторна инсуфициенција кај хоспитализирани пациенти со умерен или тежок ковид-19 е намален за повеќе од 50 проценти, соопшти компанијата на крајот Јануари