Нова епидемиолошка закана: Враќање на бактерии отпорни на лекови

28 јануари, 2021
Screenshot_3

Додека вниманието во старечките домови и болниците е насочено кон справување со ковид-19 и неговите последици, други инфективни и опасни микроби отпорни на лекови се појавија во Флорида, Њу Џерси и Калифорнија, како и во Индија, Италија, Перу и Франција, заклучија здравствените експерти, авторите на студија која откри нова епидемиолошка закана.

Кога избувна пандемијата на коронавирусот, здравствените работници се фокусираа главно на мерките за превенција на болести како што се чистење на болнички соби, промена на облека и чистење на друга заштитна опрема. Парадоксално, медицинските работници имаа малку време да го следат ширењето на други бактерии среде исцрпната борба против пандемијата на корона вирусот.

Здравствените експерти изјавија дека повторно се појавиле некои организми отпорни на лекови, со кои властите се обиделе да се борат уште пред да започне пандемијата, како што е габата Candida auris. Според болничкиот епидемиолог од медицинскиот центар Санта Моника во Лос Анџелес, д-р Закарија Рубин, во последно време „цветаат габи“.

Студијата покажа дека по почетокот на пандемијата, имало многу помалку следење на пациентите погодени од овие габи и други микроби. Таквите пациенти се движеле спорадично помеѓу домовите за стари лица и единиците за интензивна нега, придонесувајќи за ширење на микробите.

Во текот на изминатата година имало неколку епидемии на микроб отпорни на лекови, за кои се верува дека се предизвикани од ковид-19. Повеќе случаи на габични инфекции се откриени во Индија во декември и во Калифорнија во јуни.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum