Нова ера во лечењето на дебелината: Таблета од која се губи 15 килограми

10 март, 2021
912650fb4fd24827ba558692df7a0da3afd7da89

Голема меѓународна студија открила дека лекот кој го намалува апетитот, семаглутидот им помогнал на некои луѓе да изгубат повеќе од една петтина од телесната тежина.

Учесниците на истражувањето добивале инјекции со лекови еднаш неделно и добиле совети за вежбање и исхрана. Студијата, во која учествувале скоро 2.000 луѓе, покажала дека испитаниците изгубиле, во просек, 15 килограми за време на 15 месеци следење.

Поради овие резултати, научниците кои ја спроведоа оваа студија велат дека тоа може да означи почеток на нова ера во борбата против дебелината, а исто така рекоа дека се подготвуваат повеќе терапевтски решенија. Една од испитаниците во ова истражување успеа да изгуби дури 28 килограми, или повеќе од една петтина од својата тежина. Таа истакна дека лекот семаглутид го сменил нејзиниот живот и пристапот кон храната. Меѓутоа, кога, како што рече, престана да го пие, апетитот и се врати во нормала.

Лекот семаглутид делува така што го контролира апетитот на една личност и го имитира хормонот GLP1, кој се лачи по оброкот. Некои учесници во студијата добија семаглутид, а други плацебо. На сите им беше даден совет како да се хранат поздраво.

Резултатот беше дека луѓето кои примаа семаглутид изгубија во просек 15 килограми, додека луѓето кои примаа плацебо изгубија во просек 2,6 килограми.

Семаглутидот наскоро ќе биде испратен до регулаторните агенции за одобрување. Се очекува дека најпрво ќе биде препишан како терапија од специјализирани клиники и дека само подоцна ќе стане широко достапен. Патем, овој лек предизвика одредени несакани ефекти кај некои учесници во истражувањето, како што се гадење, дијареја, повраќање и запек. Во моментов се спроведуваат петгодишни студии за да се открие дали слабеењето со овој лек може да биде одржливо на долг рок.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi