НОВАК ЃОКОВИЌ немаше СИЛА да ги издржи тренинзите, а потоа ја СМЕНИ ИСХРАНАТА: Вака изгледа неговото тридневно МЕНИ!

15 февруари, 2021
241915_profimedia0590943473_ls

Кога сфатил дека е алергичен на глутен, го сменил начинот на исхрана и оттогаш тој е непобедлив

Пред неколку години, Новак Ѓоковиќ испроба сè и сèшто за да може да го надмине колапсот на енергијата што го доживеа во текот на играта, што на крајот го чинеше неколку трофеи.

Тој честопати правеше неколку паузи за време на тренингот за да издржи, но често повраќаше од напорот. Исцрпеноста беше неговиот голем проблем. Во еден момент, помисли дека исцрпеноста е поврзана со астма, го смени тренерот, па дури и направи операција на носот. Исто така, започна да вежба јога за да собере енергија која очајно му беше потребна. Сепак, лекарот и нутриционист Игор Цетојевиќ предложи едно решение. Гледајќи го Новак на натпреварите, Цетојевиќ беше сигурен дека Ѓоковиќ е алергичен на пченица.

Тренинг и исхрана

Ѓоковиќ денот го започнува со 20 минути јога или таи-чи, по што појадува. Потоа прави конкретен тренинг во траење од час и половина, а потоа се протега.

По ручекот, тренира со тегови или лента за отпор, а потоа зема протеински пијалок. После тоа, игра тенис околу 90 минути и потоа се протега додека не се оладат мускулите.

По тренингот јаде, а кога јаде не гледа телевизија или мобилен телефон – максимално ѝ се посветува на храната.

Вака изгледа неговото тридневно мени:

Прв ден:

Појадок: Пие големи количини вода, а потоа зема 2 лажици мед; мусли (органски овес без глутен, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадеми).

Ужина: крекер без глутен со авокадо и туна.

Ручек: Салата од мешан зелен зеленчук, тестенини без глутен, тиквички, аспарагус, сушени домати, веге сирење.

Ужина: јаболко со путер; диња

Вечера: Салата од кељ, анасон, киноа и бор ореви, аншоа или сардини; супа од минезот; филети од лосос.

Втро ден:

Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед; банана со индиски путер, овошје.

Ужина: тост без глутен со путер од бадем и мед.

Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен, црвена пиперка, рукола, индиски ореви, босилек, зачински оцет.

Ужина: овошје и ореви.

Вечера: салата од туна со боранија, грав, тукола, домат. Супа од домати.

Трет ден:

Појадок: Големи количини вода, 2 лажици мед, овес без глутен со путер и банана; овошје.

Ужина: домашен хумус и јаболка.

Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен со песто.

Ужина: Авокадо со крекери без глутен.

Вечера: Свежа салата од зелен лиснат зеленчук, супа од морков …