Ново предупредување за вакцините Фајзер и Модерна: Постои ризик од воспаление на срцевиот мускул

26 јуни, 2021
863215_profimedia0577764695_ls

Од 11 јуни, повеќе од 1.200 случаи на миокардитис (перикардитис) беа пријавени во системот за несакани реакции на вакцините во САД (VAERS) со околу 300 милиони дози.

Американскиот регулатор на лекови го прошири списокот на предупредувања што следат по употребата на вакцините Фајзер-Бионтек и Модерна против Ковид-19, со цел да се укаже на редок ризик од срцево воспаление по нивната употреба.

За секоја од вакцините, беа ревидирани стручни упатства за здравствените услуги, предупредувајќи дека извештаите за несакани ефекти укажуваат на зголемен ризик од миокардитис и перикардитис, особено по втората доза и со појава на симптоми во рок од неколку дена по вакцинирањето, пренесува Ројтерс.

Од 11 јуни, повеќе од 1.200 случаи на миокардитис или перикардитис се пријавени во системот за несакани реакции на вакцините во САД (VAERS) со околу 300 милиони дози.

Податоците покажуваат дека има значително повеќе вакви случаи кај мажите во текот на првата недела по втората доза на вакцината, а Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) идентификуваше 309 хоспитализации поради воспаление на срцето кај лица под 30 години, од кои 295 се отпуштени.

Здравствените регулатори во неколку други земји испитуваат случаи на миокардитис и перикардитис, кои почесто се дијагностицираат кај помлади мажи по приемот на РНК вакцини од Фајзер или Модерна.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi