Нутриционист открива зошто не е паметно да се започне диета веднаш по празниците

2 јануари, 2021
fitness-50026891920-830x0

Нормалната диета вклучува повремено „кршење на правилата“

Луѓето честопати се чувствуваат лошо откако ќе уживаат во празничен оброк и прекумерно конзумирање на руска салата, сарма или печење. Затоа многумина си ветуваат себеси дека ќе започнат диети на првиот ден од новата година.

Сепак, нутриционистот тврди дека всушност, тоа не треба да се прави, туку само да се продолжи со нормална урамнотежена исхрана.

Колин Кристин, американска нутриционистка, на својот профил на Instagram сподели совети за тоа како да го одржувате здравјето, но и да изгубите вишок килограми без диети.

Таа верува дека е многу поефикасна од започнувањето на ограничувачка диета на која не можете да се држите.

– Ако се прашувате како да ги вратите навиките во исхраната на вистинскиот пат, еве го мојот одговор: јадете нормално. Не ви треба детоксикација со сокови или чистење на телото – напиша таа на својот Instagram профил.

Таа верува дека консумирањето на некои зеленчуци со секој оброк може да биде клучот за здрава исхрана.

Секоја нормална диета вклучува и повремено уживање во храната, објасни таа.