НУТРИЦИОНИСТ СОВЕТУВА: Ако овие намирници ги јадете пред и по вакцинацијата, ќе развиете повеќе антитела

24 април, 2021
244931_shutterstock-1697612548_ls_1000x0

Ако сè уште не сте ја примиле вакцината, можеби ќе ве интересира како да се подготвите и што да јадете и пиете пред и по вакцинацијата.

Избегнувајте алкохол во обете случаи

Иако некои нема да имаат посебни несакани ефекти по вакцината, други може да доживеат главоболки, замор, болки во мускулите, гадење… Нутриционистката Синтија Сас нуди совети за тоа како да ги ублажите несаканите ефекти со избирање на вистинска храна, но и што да избегнувате. Дури и само малку алкохол лесно може да предизвика дехидрираност, што ќе ги интензивира несаканите ефекти. Алкохолот е исто така поврзан со негативно влијание врз имунитетот, затоа е потребно да се избегне. Исто така, ако сте во состојба на мамурлак, нема да можете да препознаете дали се работи за последици од алкохолот или вакцината.

Внимавајте на она што јадете пред да одите во кревет

Ако сте одморени, имунитетот ќе работи најдобро што може. Според истражувањето, ако јадете премалку влакна, заситени масти и шеќер, тоа може да влијае на наизменичното спиење. И обратно, влакната ќе ви овозможат длабоко и квалитетно да спиете. Зелена салата, леќа, маслиново масло, лосос и цитрус можат да бидат добар избор. Ако сте гладни пред спиење, јадете малку овошје или ореви …