ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ОВИЕ 3 РАБОТИ: Ако сакате вашата врска да успее, ОСТАВЕТЕ ГИ ЛОШИТЕ НАВИКИ ЗАД ВРАТА

7 март, 2022
869041_profimedia0003656098_ls

Не му префрлајте на партнерот постојано за една иста грешка

Треба да ги оставиме лошите навики зад вратата и да не дозволуваме да играат голема улога во нашата врска.

За да функционира вашата врска и да бидете навистина среќни како двојка, треба да се ослободите од одредени навики.

Ова се трите најчести работи што луѓето ги прават во врските што може да бидат погубни за истите.

Постојано замерување

Секогаш треба да гледате на поголема слика и да размислите дали она што вашиот партнер го прави го нарушува вашиот заеднички живот во голема мера. Она што мажите воопшто не го сакаат е постојаното негодување и досаѓање. Тоа е нешто што навистина ги одбива.

Значи, ако му се случило да ги остави чорапите на подот, не го напаѓајте веднаш и не негодувајте. Подоцна кога навистина ќе се случи поголем проблем и ќе му префрлите, тој ќе ви возврати со тоа како постојано му замерувате, а можеби и поради тоа ќе се дистанцира од вас.

Казнување

Врската помеѓу две лица треба да се заснова на доброволна основа, и двајцата мора да ја сакаат. Соодветно на тоа, едноставно нема место за казнување во здравата врска. Тоа сигурно нема да ја направи вашата врска успешна. Наместо тоа, размислете зошто вашата врска има проблеми и што треба да поправите.

Она што исто така можете да го направите, е да го фалите според неговите квалитети, можеби навистина ќе бидете изненадени од неговата реакција и резултати.

Злопамтило

Ако сте му простиле на вашиот партнер нешто, тогаш навистина простете му- нема простор за постојано враќање на истата грешка.

Ако често го обвинувате вашиот партнер за нешто погрешно, и двајцата ќе се чувствувате лошо. Ако не можете да му простите на вашиот партнер, можеби е време да раскинете.

escort - Korsan taksi