Обрнете внимание: Овие симптоми на коронавирусот траат и до една година

28 јули, 2021
Screenshot_3

Претходните студии покажаа дека оваа состојба ги погодува повеќе жените отколку мажите

Германски истражувачи спроведоа студија објавена во списанието „Клинички инфективни болести“, а резултатите од нивното истражување покажаа дека 77,1 процент од пациентите со КОВИД имале симптоми на болеста дури и една година откако се заразиле.

Најчестите симптоми кои траеле една година биле намалена способност за вежбање – 56,3 проценти, замор – 53,1 процент и проблеми со концентрација – 39,6 проценти, покажа студијата.

Истражувачите откриле дека само еден симптом – губење на косата – паднал помеѓу пет и 12 месеци, со инциденца од 26,1 проценти на 10,4 проценти.

Од друга страна, симптомите како што се диспнеа, т.е отежнато дишење и проблеми со дишењето, како и замор значително се зголемија. Инциденцата на диспнеа се зголеми од 27,1 процент на 37,5 проценти, а заморот се зголеми од 41,7 проценти на 53,1 проценти.

Оваа студија уште еднаш потврди дека луѓето кои се борат против КОВИД можат да ги чувствуваат симптомите дури и неколку месеци откако се заразиле со коронавирусот.

Претходните студии покажаа дека оваа состојба ги погодува жените повеќе отколку мажите.

Според една неодамнешна студија спроведена во Lancet’s E Clinical Medicine, повеќе од 200 симптоми се поврзани со долгорочен КОВИД и тие влијаат на дури десет системи на органи во телото.

Некои од симптомите пријавени од пациентите беа: осип, дигестивни проблеми, грчеви во мускулите, губење на слухот, тинитус, замор, халуцинации, губење на меморијата, треска, температура, болка во грлото, заматен вид, конјунктивитис, отежнато дишење, кашлање со крв, кивање, сува кашлица, промени на прстите, како и несвестица.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi