ОД НЕПРАВИЛНА РАБОТА НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА СТРАДААТ ГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ: А овие луѓе се изложени на најголем ризик!

1 септември, 2021
257281_stitnazlezda_ls

Прочитајте внимателно

Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човечкото тело. Се наоѓа во предниот дел на вратот веднаш под гркланот и нормално тежи помеѓу 10 и 20 g. Се состои од два симетрични делови, така што нејзината форма често се споредува со пеперутка.

Тироидните хормони регулираат бројни биохемиски процеси во телото кои се клучни за нормален раст и развој, метаболизам и невролошка активност. Болестите на тироидната жлезда се во пораст и сѐ поголем број луѓе страдаат од оваа болест. Затоа, лекарите препорачуваат детални анализи да се прават еднаш годишно.

Главните симптоми што се појавуваат во случај кога нешто не е во ред со оваа жлезда се зголемен замор, заборавеност, ненадејни и чести промени во расположението, промени во срцевиот ритам и телесната тежина.

Се вели дека тироидната жлезда е поврзана со нашите емоции и потсвесни желби, па затоа оние луѓе кои не живеат во согласност со нивните чувства се изложени на најголем ризик.

Луѓето кои се изложени на ризик да развијат болест на тироидната жлезда, генерално сакаат да направат сѐ на време, да ги потиснат емоциите, се плашат од критики, се загрижени за обемот на работите што треба да ги направат, но исто така се загрижени и дали ќе исполнат нечии очекувања. Преземаат премногу, не разбирајќи ги секогаш нивните граници.

Таквата личност обично ги става туѓите потреби на прво место, а ги занемарува своите.

Многу често лице кое страда од хипертироидизам се обидува да докаже нешто на некого или да разбуди нечија љубов. Премногу бара од себе и од другите. Се плаши од ситуации во кои не може да дејствува доволно брзо и ситуации во кои се нејзините раце. Нејзините постапки честопати се немотивирани и не се засноваат на нејзините вистински потреби.

Причината за болеста е и лошата верба во себе. Доколку имате проблем со тироидната жлезда, покрај пропишаната терапија, можете да работите и на вашето ментално здравје, да ги промените шемите на размислување и да вежбате оптимизам.

escort - Korsan taksi